Себастијан Ветел (прво место)
После трката Себастијан изјави дека бил изненаден со брзото темпо во круговите пред заминување во бокс.
“Не беше планирано на ваков начин да го поминам Кими. Не ни можевме такво нешто да планираме. Монако е Монако. Она што беше битно на почетокот, да направиме разлика го остваривме. После тоа Ботас имаше доста добро темпо, а ние се мачевме. Во тој момент се створи простор и време да заминам во бокс. Ботас замина прв, Кими одма одговори, а јас знав дека имам предност пред Мерцедес и немаше што да изгубам. Дадов се од себе и после неколку кругови бев изненаден кога видов колкава предност сум направил. После враќањето на патеката можев да ја контролирам трката. Во финишот на трката сите се мачевме со топлината на пневматиците заради безбедносното возило. Тимот направи фантастична работа во текот на целиот викенд и им честитам и благодарам“ – изјави Фетел.
Кими Раиконен (второ место)
И покрај второто место Финецот на беше задоволен баш со пласманот. Ја поведе трката, но во бокс го изгуби второто место.
“Тешко ми е било што да кажам. Сепак тоа е второ место но не сум презадоволен со тој пласман. Како е така е, ја чекам следната трка во Канада“ – кратко изјави незадоволниот Кими Раиконен.
Даниел Рикардо (трето место)
“Пресреќен сум што бев на подиум. На квалификациите бев фрустриран знаејќи дека можеме подобро од тоа. Пораното влегување во бокс на два болиди ми овозможи да ја покажам мојата брзина и после излегувањето од бокс успеав двајцата да ги претекнам. Излегувањето на безбедносното возило за малку ќе ми ја упрапастеше трката. Го закачив зидот во свиокот број 1 и мислев дека имам оштетување но сепак ете стигнав на целта.“ – Изјави Рикардо.
OhridNews