Првите шпекулации за новиот проект на Ферари веќе протекоа во јавноста што е чудно од причина што првиот тест е закажан за 5 недели. Што се однесува до званичните соопштенија, можно е првите официјални информации да бидат на 18- ти јануари.

Првите информации упатуваат на предната амортизација која комплетно е редизајнирана. Исто така задниот дела на бoлидот ќе биди како никогаш до сега многу понизок. Носот на болидот повеќе или помалку ќе е како онај од минатата година кој го користеше Торо Росо.

Од друга страна, од француските медиуми стигна вест дека тимот од Маранело ја открил грешката која придонесуваше многу тешко да се издржат 5 трки. Одделението замоторот сега работи деноноќно за елиминирање на оваа грешка. 

“Кога веќе ја знаеме причината лесно е да го решиме проблемот. Гарантирам поуспешна сезона оваа година“ – изјави Аривабене мозокот на Ферари. 

Фото : архива
OhridNews