Германскиот возач во редовите на Ферари доби казна од три местa наназад на стартот од следната трка во Формула 1 шампионатот, поради инцидентот на трката за големата награда на Малезија во првата кривина.

Фетел ја заврши трката уште во првиот круг, кога удри во болидот на Нико Розберг уште во првата кривина. Како последица на овој инцидент, Розберг падна на последното место, но сепак одличниот возач на Мерцедес на крајот на трката стигнa до третото место и се искачи на подиумот. 

Судиите посе трката го анализираа инцидентот и одлучија да го казнат Фетел со два негативни поени и со три места наназад во однос на постигнатиот пласман за ГН Јапонија која ќе се оддржи за една седмица.

OhridNews