Германскиот пилот во редовите на Мерцедес, Нико Розберг триумфираше на втората трка во новата сезона која се одржа во Бахреин.
Розберг, со триумфот во Бахреин најави атак на титулата откако победи и на првата трка во Мелбурн, Австралија.
Втората трка сезонава не започна најдобро за пилотот на Ферари, Себастијан Фетел кој во загревачкиот круг остана со болидот покрај патеката.
Розберг уште на стартот го презеде водството и знаеше како да го задржи. Образот на Ферари го обели Кими Раиконен кој се пласираше на втората позиција пред Луис Хамилтон.
На четвртата позиција заврши Даниел Рикиардо (Ред Бул), на петтата позиција се најде Роман Грожан (Хаас), а бодовите освоија уште Макс Верстапен (Торо Росо), Данил Квит (Ред Бул), двоецот од Вилијамс, Филепе Маса и Валтери Ботас и Стофел Вондорне од Мекларен кој го замени Фернандо Алонсо.
Генерален пласман: Розберг 50 бодови, Хамилтон 33, Рикиардо 24, Раиконен 18, Грожан 18, Фетел 15…
Следните возбудувања во Ф1 се за две недели во кинескиот град Шангај.
Мх.П.