Тимот на Мерцедес математички гледано може уште на следната трка во Русија да ја обезбеди титулата во конкуренција на Конструктори. Доволно е возачите на германскиот  тим вкупно да освојат три бодови повеќе од конкуренцијата, Ферари.

Но сепак Ники Лауда, главниот советник во Мерцедес, е уплашен да не се повтори формата на тимот од Сингапур ради подлогата на оваа патека.

– Добро е што ја вративме формата, но мора да се трудиме да ја задржиме оваа форма. Напорно работиме за Сочи зошто знаеме дека нема да биде лесно затоа што подлогата на оваа патека е слична на онаа како во Сингапур. Тоа значи не само дека повеќе одговара за Ферари туку нас воопшто не ни одговара. – изјави Лауда.

Во моментов Мерцедес  има повеќе 169 бодови од Ферари и ако ја освои титулата тоа ќе биде втора титула во конкуренција на конструктори.

На следната трка квалификациите се во 14 часот во сабота а стартот на трката е следниот ден во 13.

Ohridnews