Францускиот пилот Жул Бјанки трет ден се наоѓа на интезнивна нега по страотната несреќа која ја имаше на трката „Сузука“ во Јапонија.

Во болницата каде се наоѓа на барање на Ферари пристигна медицинската екипа која се грижеше за здравјато на Михаел Шумахер по несреќата на скијање во Франција минатата година.
25-годишниот пилот имаше страотна несреќа на трката „Сузука“ откако излета и со 203км се удри директно во возилото кое го изнесуваше болидот на Сутил.
Мх.П.










