Според некои најави можно е оваа година да го видиме тимот на Мекларен во боја која никогаш до сега не сме го виделе, портокалова.

Дали тоа Мекларен после заминувањето на Рон Денис и доаѓањето на Зак Браун влегува во нова ера во светот на F1. Браун доаѓа од светот на маркетингот и од тука желбата да воведе доста новини во британскиот тим како во маркетингот така и во организацијата. При преземањето на функцијата новиот прв човек изјави дека новите бои се спремни и дека се останати само некои ситни детали. 

“Боите ги презентиравме на сите во тимот и сите беа воодушевени. Се надевам дека ќе им се допадне и нанашите фанови зато што болидот изгледа фантастично, како технички така визуелно“ – изјави Зак кој не ја откри детално бојата но меѓу редови ја најави портокаловата боја.

Фановите на фан страната одма се потрудија да го обојат болидот во портокалово и сликата ја постираја на социјалните мрежи. Ако фановите добро ја сватиле пораката на Браун болидот би изгледал вака:

OhridNews