Британскиот тим со јапонски мотор се подготвува за најнеизвесната за нив сезона после големите проблеми со издржливоста на моторот во текот на тестирањето. Мекларен возеше најмалку кругови од сите тимови во текот на тестирањето, а како главна причина за тоа беше посочен Хондиниот мотор.

Алонсо на неколку пати го критиковаше јапонскиот произведувач, а последниве денови се шпекулира дека сакаат да го прекинат договорот со Хонда и наводно веќе биле обратени до Мерцедес за снабдување со мотори.

“После две тешки недели свесни сме дека на стартот во Мелбурн за нас ќе биде премногу тежок. Она што го тврдам дека ние ќе го дадеме својот максимум ако тоа ни го дозволи агрегатот. Во моментов тимот напорно работи на отстранување на проблемите, но сепак немавме доволно време за поголеми промени или опции. Првиот чекор треба да биде да се подобри издржливоста. Па после тоа можеме да размислуваме за максималната брзина. Ќе се обидеме да уживаме во првиот тркачки викенд“- изјави Алонсо.

Викендот кој доаѓа ќе означи почеток на новата сезона во Формула 1. Првата трка се вози во Австралија.

OhridNews