Поголем дел од трката Луис Хамилтон го водеше орото во Монте Карло, а поради грешката на Мекларен, Британецот остана без победа, која му припадна на Нико Розберг.
Тимот на Мерцедес пред да влезе Хамилтон во боксот лошо ја пресмета предноста која ја имаше водечкиот пред Розберг и Себастијан Фетел и по излегувањето ја загуби првата позиција.
– Дефинитивно му ја уништивме трката на Хамилтон во Монте Карло. Не ја проценивме добро предноста во однос на Розберг, единствено што сега може да направиме е да му се извиниме. Жал ни е за Луис, жалам за екипата која ја направи оваа грешка. Денес требаше да имаме совршен 1-2 финиш. Мора да ја анализираме ситуацијата и да му пратиме официјално извинување на Хамилтон. – стоеше во соопштението од тимот.
Иако не се во најдобри односи Хамилтон после завршување на трката му ја честиташе победата на Розберг, која е трета во низа за него во Монте Карло.
Мх.П.