Апсолутниот шампион во Формула 1, Мерцедес му го сврте грбот на Михаел Шумахер кој во строга тајност се опоравува од несреќата при скијање во Франција пред три и пол години.
Имено, Мерцедес одлучи од болидот да го тргне натписот „Продолжи да се се бориш Михаел“ посветен на седумкратниот првак во Ф1 шампионатот.
Мерцедес по нападот од поддржувачите на Шумахер и љубителите на Ф1 во јавноста се обратија со кратко соопштение. – Пораката е тргната за да се ослободи простор за поставување на нови пораки од нашите спонзори.
Шумахер зимата 2013 година доживеа страотна несреќа при скијање со неговиот син во Франција. Од тогаш до ден денес нема никаква информација за здравјето и ситуацијата на Шумахер кој се уште го чува приматот за најтрофеен пилот во Ф1 историјата.
OhridNews