Британскиот пилот Луис Хамилтон во болидот на Мерцедес ја одбрани титулата во Формула 1 шампионатот и го доближи својот тим до Ред Бул и Ферари во финансиската заработувачка.
Минатата сезона Ред Бул и Ферари заработија 100 милиони долари повеќе од Мерцедес иако „сребрените стрели“ ја освои титулата.
– Кога се приклучивме на групата Ферари, Ред Бул и Мекларен, јас бев дел од тимот на Мерцедес. Влеговме во договор со Берни, но тоа беше многу сложено. Влеговме последни во спортот поради што заработувавме најмалце, но со секој освоен шампионат добиваме се повеќе, така што среќни сме што ги стигнуваме водечките. – рече Ники Лауда извршен директор во тимот.
Бесни поради оваа одлука се екипите на Заубер и Форс Индија кои поднесоаја жалба до Европската комисија.
Мх.П.











