Неблагодарно е да се пишува mногу за претстојната трка во Баку од причина што ја имаме само трката од претходната година за споредување.
Она што се знае со согурност е дека оваа година ќе имаме нов победник од причина што Нико Рoзберг (победникот од минатата година) е веќе „пензиониран“.
Минатата година Азербејџан од како по прв пат го прими F1 циркузот, како ГН на Европа, оваа година е наречена ГН на Азербејџан. Патеката ја има дизајнирано легендарниот Херман Тилке.
– Состанокот со екипата на Хермна Тилке беше многу едноставен. Целта ни беше да се направи единствена патека во светот и досега невидена. Му пренесовме дека сакаме патека на која ќе се оддржува една од најинтересните трки во сезоната заради која тимовите и навивачите со нетрпение ќе ја очекуваат. – се присетува Азад Рахимов министер за млади и спорт на Азербејцан.
Патеката е долга 6 003 метри. Втора по должина после Спа Франкоршамп во Белгија. Се возат 51 круг во правец обратен од правецот на стрелките на часовникот.
Рекордот го држи Нико Розберг кој минатата година еден круг возеше 1:46.485.
Патеката има еден од најдолгите правци каде минатата година Ботас ( Мецедес -тогаш Вилијамс ) постигна брзина од 378 км/h за време на квалификациите. Освен на овој правец на друго место не можат да се постигнуваат многу високи брзини на оваа улична патека која има 20 свиоци. Заради ваквата комбинација многу возачи оваа патека ја сметаат како “микс“ на Монако и Монца.
Инаку патеката не ги оптеретува гумите (голем дел од тимовите минатата година имаа еден пит стоп), но сепак бара голема концентрација при кочењето и избегнувањето на ѕидовите. Што се однесува до гумите тимовите ќе бираат помеѓу меки и супер меки. Квалификациите се во сабота во 15 часот, а трката стартува во недела исто така во 15 часот.
OhridNews