После сударот во Австралија кој го имаше возачот на McLaren, Фернандо Алонсо првите вести беа дека покрај Алонсо преживеал и моторот.

После инцидентот Хонда го прати моторот наза во Сакуру од каде стигнаа вести дека во Бахреин, Алонсо ќе вози со истиот мотор.

Сепак, после неколкуте тестирања на моторот се одлучи во Бахреин да се оди со нов мотор.

– Голем број од компонентите на моторот се оштетени после инцидентот на Албер Парк. Можно е при понатамошните испитувања на моторот да одличиме некои делови понатамо да ги користиме, но сепак најдобро е за возачот на McLaren да добие свеж мотор. – изјавија од Хонда.

OhridNews