Заради скратување на свиок и преминување низ шикана Верстапен уште во парадниот круг беше казнет од судиите со 5 секунди и на пиедесталот како третопласиран се најде Фетел од Ферари.

Но сепак после прегледувањето на снимката заради некоректно бранење на својата позиција и германецот беше казнет но со 10 секунди кои го вратија не петтото место. Судиите заклучија дека Рикардно бил принуден да бега од Фетел како не би дошло до судар. 

Фетел одма после трката незнаеше дали ќе биде казнет и изјави: “После трката одма заминав да го видам Вајтинг ( директорот на дрката). Знам дека не беше во ред тоа што го кажав преку радиото но прорабоди адреналинот. Од почит отидов да му кажам што се случи и зошто така реагирав. Што се однесува до дуелот со Рикардо сакам да ја видам снимката. Се боревме жестоко и мислам дека му оставив доволно место. Знаев дека ќе ме нападни и на крајот дојде до контакт. Макс ( Верстапен) ме кочеше во првите два свиоци, а јас имав очаен излез од свиоците што му овозможи на Рикардо да ме нападни“. – изјави сега веќе петто пласираниот Себастијан. 

OhridNews