Пилотот на Мерцедес, Нико Розберг трет пат во низа триумфираше на патеката во Монте Карло, која се одвива низ улиците на градот.
Германскиот пилот на целната рамнина мина пред членот на Ферари, Себастијан Фетел и клупскиот колега Луис Хамилтон, кој ја изгуби првата позиција по лошото менување на пневматиците во боксот.
Двоецот на Ред Бул, Данили Квид и Даниел Рикиардо завршија на четвртата односно петтата позиција. Шести финишираше Кими Раиконен од Ферари, а бодови освоија Серхио Перез (Форс Индијана), Џејсон Батон (Мекларен), Филепе Наср (Заубер) и Карло Сајнц (Торо Росо).
Во генералниот пласман се уште е прв Луис Хамилтон со 126 бодови. На втората позиција се наоѓа Нико Розберг со 116, на третата е Себастијан Фетел 98, а четвртата е Кими Раиконен со 60 поени.
Следната трка во Ф1 шампионатот на програмата е во Канада на 7 јуни.
Мх.П.