Себастијан Фетел, Даниел Рикиардо, Нико Розберг, Нико Хулкенберг, Филепе Маса како и Мика Хакинен заедно со Мирослав Клосе и Лукас Подолски одиграа натпревар за поддршка за Михаел Шумахер кој се уште се опоравува од тешката повреда на главата која ја доби на скијање во Франција.


Собраните средства од мечот кој се одигра на стадионот на Мајнц ќе бидат распределени во детските фондации ширум Германија.


Специјален гостин на натпреварот беше Дирк Новицки кој при изведувањето на удар од белата точка го имитираше италијанскиот репрезентативец Заза кој се посрамоти на Европското првенство со необичниот и непрецизниот пенал.

OhridNews