Новата само што започна во Формула 1, а новите правила во квалификациите доживеа дебакл и сите пилоти и шефови на екипите бараат под хитно враќање на старите.


Луис Хамилтон ја освои пол позицијата за големата награда на Австралија, а веднаш до него ќе стартува Нико Розберг, а од вториот ред пилотите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен.


– Ми недостастуваат деновите од старите квалификациите кога ќе излеше на патеката да возиш што побргу и побргу. Новите правила не се лоши, но мислам дека не се доволно возбудливи за нас и навивачите. Сите во мојот тим го имаат овој став и им го соопштија на ФИА, но тие не сакаа да не слушаат. – рече Хамилтон.

И другите пилоти имаат исти став околу квалификациите кои се возат во три циклуси со испаѓање.


Челниците на ФИА по утрешната премиерна трка ќе имаат две недели да размислат за некој промена пред следната во Бахреин.

Ф1: Пол позицијата во Мелбурн за Хамилтон

OhridNews