Германскиот пилот во редовите на Мерцедес, Нико Розберг ја освои титулата во годинешниот шампионат во Формула 1.


Розберг, последната трка во Абу Даби ја извози рутински и заврши на втората позиција која му неопходна за заверување на титулата.

Победата му припадна на Луис Хамилтон кој сезонава по голема борба со тимскиот колега заврши на вицешампионската позиција.


Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел ја комплетираше тројката на пиедесталот во последната трка за сезонава.

За Германецот ова е прва титула во кариерата додека Хамилтон остана на трите освоени во минатите сезони.

OhridNews