Трикратниот шампион во Формула 1, Ники Лауда почина во 70-та година од животот. Австриецот кој титулата во Ф1 ја освојуваше во 1975, 1977 и 1984 година почина во болница во Швајцарија. Тој беше хоспитализиран поради влошувањето на состојбата со бубрезите, а докторите не успеаја да го извлечат и почина.

  • Со длабока тага објавуваме дека нашиот сакан Ники Лауда почина мирно во кругот на семејството во понеделникот. Неговиот успех како спортист и бизнисмен и неговата жед за акција, дрскост и храброст ќе ни останат водилки до крајот на животот. Тој беше пример за сите нас. – стои во соопштението од семејството на Лауда.

Проблемите со здравјето на Лауда, датираат уште од 1976 година кога имал судир на патеката Нирнбург. Тогаш, тој бил зарабен во болидот кој се запалил речиси цела минута и добил трајни изгореници на лицетот и вдишил токсични материи. На Лауда два пати му бил трансплатиран бубрег, а минатата година му бил трансплатирана плуќа. Во болница, пред да почине бил задржан поради инфекција на плуќата.

OhridNews