Германскиот пилот во Мерцедес, Нико Розберг ќе стартува од првата позиција на трката „Интерлагос“ за голема награда на Бразил.


Квалификациите како и целата сезона одново помина во знакот на Мерцедес бидејќи на втората стартна позиција се пласираше Луис Хамилтон.

Трката во Бразил ќе биде последна шанса за Германецот во борбата за титулата со колегата од тимот Хамилтон.

Од третата и четвртата позиција ќе стартуваат пилотите на Вилијамс, Филепе Маса односно Валтери Ботас.

Мх.П.