Пилотот на Мерцедес, Нико Розберг ќе стартува од првата стартна позиција на трката за големата награда на Бахреин.

Најголемо разочарување на квалификациите беше актуелниот првак Себастијан Фетел, кој воопшто не ја помина трката и ќе тргне од 11-та позиција.
Во генералниот пласман првопласиран е Розберг со 43 бодови, втор на табелата е Хамилтон со 25 поени, а веднаш до Британецот е Фернандо Алонсо со 24.
Мх.П.












