Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон ќе стартува од првата позиција на премиерната трка сезонава, која ќе се одржи во Австралија.
Неговиот колега од Мекларен, Нико Розберг е веднаш до него со што најавуваат жестока битка и оваа сезона за бодовите.
На третата и четвртата позиција се најдоја Филепе Маса од Вилијамс и Себастијан Фетел од Ферари, кој официјално дебитираше во италијанскиот тим.
Од третиот ред ќе тргнат Кими Раиконен (Ферари) и Валтери Ботас (Вилијамс), а позади нив место обезбедија Даниел Рикиардо (Ред Бул) и Карлос Саинс јуниор (Торо Росо).
Сезонава љубители на Ф1 тријат раце бидејќи се очекува битка како никогаш до сега на секоја трка за бодовите.
Мх.П.