Светскиот вицепрвак, Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес ќе стартува од првата позиција на премиерната трка во Австралија која ќе означи почеток на новата сезона во Формула 1.
Британецот доминацијата од петочните предквалификации ги потврди и на самите квалификации за прва пол позиција сезонава. Во редот со Хамилтон ќе стартува Себастијан Фетел од Ферари, потоа се Валтери Ботас (Мерцедес), Кими Раиконен (Ферари), Макс Верстапен (Ред Бул), Роман Грожан (Хаас), Филипе Маса (Вилијамс), Карлос Саинц (Скудерија), Данил Квит (Скудерија) и Даниел Рикиардо (Ред Бул).
Трката за голема награда на Австралија се вози в недела претпладне со почеток во 7 часот.
OhridNews