Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ја обезбеди првата позиција на стартот од трката „Спа“ за големата награда на Белгија.


Хамилтон во квалификациите за 0.458 секунди беше побрз од својот тимски колега Нико Розберг кој ќе стартува од втората позиција.

Во вториот ред се пласираа Валтери Ботас од Вилијамс и Роман Грожан од тимот на Лотус додека места во третиот обезбедија Серџо Перес од Форс Индијана односно Даниел Рикиардо (Ред Бул).

Ohridnews