Актуелниот шампион Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на премиерната трка во новата Формула 1 сезона која ќе започне во Мелбурн за големата награда на Австралија.


Хамилтон во квалификациите со време (1.23.837) ја освои јубилејната 50-та пол позиција пред својот тимски колега Нико Розберг (1.24.197)

Од вториот ред на утрешната трка ќе стартува двоецот од Скудерија Ферари, Себастијан Фетел и Кими Ракиконен, а после нив се Макс Верстапен (Торо Росо) и Филепе Маса (Вилијамс).


Премиерната трка од новата Ф1 сезона на програмата е во 7 часот претпладне.

OhridNews