Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од првата позиција на трката за големата награда на Малезија, која е втора сезонава.


Хамилтон иако доминатно стигна до втората пол позиција сезонава, при крајот од квалификациите пилотот на Ферари, Себастијан Фетел сериозно се закани и за 74 делови од секундата не успеа да го помине најбрзиот круг на Британецот.

Од вториот ред на трката ќе стартуваат Нико Розберг (Мерцедес) и Даниел Рикиардо (Ред Бул), а од третиот што подобар пласман ќе бркаат Данеил Квит (Ред Бул) и Марк Верстапен.

На седмата позиција се пласираше Филипе Маса (Вилијамс) на осмата Роман Грожан (Лотус), на деветта Валтери Ботас (Вилијамс), а првата десетка ја заокружи Маркус Ериксен (Заубер).

Мх.П.