
Рон моментално е сопственик на 25% од акциите во Мекларен Груп, а другите 25% се на долгогодишниот партнер Мансоур Оје, а останатите 50% припаѓаат на бахреинскиот фонд Мумталакат.
На сега веќе поранешниот шеф на британскиот тим најмногу му се замери за лошите резултати последните две години, откако Мекларен склучи договор со Хонда за моторите на тимот. Одлуката беше баш Британецот, а моторите се покажаа без доволно сила и издржливост за Мекларен да се бори со водечките тимови во шампионатот.
OhridNews











