Освен Ред Бул, Хас и Форс Индија сите F1 тимови ги најавија датумите за промоција на своите болиди.

После Ферари, Мерцедес и Мекларен кои први ги објавија датумите на нивните промоции за 2018 година ( Ферари и Мерцедес на 22-ри Февруари, Мекларен 23-ти) и останатите тимови ги открија своите планови во овој поглед.

Вилијамс својот FW41 болидот го “лансира“ на 15-ти Февруари во Лондон. Пед Лоу, како нов технички директор изјави дека направени се суштински промени во клучните области на болидот. Овај тим ќе има најмлад возачки пар на гридот 22 – годишниот Сергеј Сироткин и деветнаесет годишниот Ленс Строл.

Ако Вилијамс има најмлади возачи Торо Росо ќе има најнеискусен тандем во своите седишта. Во оваа сезона влегуваат и со нов мотор и од тука заклучокот дека овај тим го очекуваат најмногу непознаници. Нивниот болид ќе се промовира во Барселона на првиот ден на тестирањето оваа сезона.

На 20-ти Февруари ќе го видиме болидот на Заубер, кога новиот C37 би требало да привлече најголемо внимание заради соработката со Алфа Ромео. Логички најголемите промени се во дизајнот односн новата комбинација на бои во “дресот“ на Алфа.

Истиот ден промовира и Рено, но како најавија од овој тим дел од надворешноста ќе можиме да видиме порано односно една недела пред тоа.

Се очекува објавување на датуми на промоции и на оние три тимови кои не се огласиле со свој распоред. Ред Бул, Хас и Форс Индија која исто така ја очекува голема промена на дизајнот заради новиот спонзор кој засега не е објавен. 

OhridNews