Луси Хамилтон (Мерцедес-прво место)
За британецот и возач на Мерцедес, оваа победа е повеќе od значајна.
“На оваа патека беше мојата прва пол позиција во кариерата и првата победа пред десет години. Затоа овој викенд за мене беше посебно значаен. Одма да се заблагодарам на екипата која е заслужна за ова што денес го постигнав затоа што напорно работеа во фабриката на решавање на проблемите од предходните трки. Со оваа победа на Ферари им зададовме добар удар и им се приближивме. Исто така и Валтериј направи голема работа и затоа сум презадоволен“.
Валтериј Ботас (Мерцедес-второ место)
Според финецот оваа еден-два победа на Мерцедес е најдобар лек после лошите резултати во Монако.
“Чувството е прекрасно. Благодарам Монтреал. Ова е моја петта трка овде и трет пат сум на подиум. Најверојатно ми одгавара оваа патека. Ваква разврска и`беше потребна на целата екипа и импресионирам сум што направија после тешката трката во Монако. На почетокот на трката беше многу тешко се додека не ја сменивме стратегијата. Бев заглавен позади Ред Бул и доста време изгубив. После тоа се одлучивме за друга стратегија и знаев што треба да “сработам“ до крајот на трката и на крајот испадна одлично за нас“
Даниел Рикардо (Ред Бул- трето место)
Трката не беше ни малку лесна. Кога поминав на меки пневматици мислев дека тоа е добра стратегија. Но Перез (Форс Индија) беше доста блиску до мене и морав да се борам да ја задржам позицијата. Ова не беше лесно освоена трета позиција, ми олесна кога поминав низ целта затоа што и Фетел ми беше се поблиску. “
Себастијан Фетел (Ферари-четврто место)
Фетел смета дека само еден круг му фалел за да се искачи на подиумот.
“Сакав трофеј. Но не го освоив. Почетокот на трката беше катострофа за мене, но сепак јас верував дека можам да дојдам до подиум. На крајот ја стигнав клучната група на возачи, имав самодоверба, но ми недостигаше само еден круг. Што се однесува до стартот, многу тешко е три болиди паралелно да поминат на првиот свиок. Мојата позиција не беше најдобра. Морам да ја прегледам снимката за да видам дали можев подобро да реагирам. Луис беше пред мене, не смеев подоцна да кочам за да не се удрам во него. Ботас (Мерцедес) ми беше од левата страна, а наеднаш Макс (Верстапен-Ред Бул) ми дојде од десната страна. Виде простор и ме закачи со левиот заден пневматик. Секако дека тоа не беше намерно затоа што со тоа и тој ризикуваше да го оштети пневматикот. На крајот за моја несреќа мојот болид беше оштетен па морав одма во бокс што ми ја поремети цела стратегија.“
Макс Верстапен(Ред Бул-откажување-мотор)
“Начинот на кој ја завршив трката за мене е фрустрирачки. Во секој случај се надевав на подиум. Имав одличен старт, го претекнав Фетел иако имавме мал контакт на првиот свиок. Одеднаш осетив дека изгубив сила и тоа беше крај за мене. Имав доста разочарувања во последно време, знам дека тоа е составен дел на овај спорт, но некогаш човек се уморува од вакви работи“.
OhridNews