Францускиот произведувач се уште не е подготвен да ги објави сите детали околу структирата на својот F1 тим. Во понеделеникот Рено и официјално го купи Лотус подмирувајќи ги долговите кон кредиторите и сите оние на кој овај тим им должеше.

“Техничкиот тим во моментов остварува добар напредок, за што подобро да го подготви болидот за првиот тест во Барселона на крајот на февруари“ – издаде соопштение Рено.

Но, сепак јавноста во F1 е на мислење дека овој францускти тим има доста работа околу клучните прашања. Иако потврдија дека Жером Стол и Сирил Абитебул ќе бидат дел од новиот тим, сепак уште не е потврдено кој ќе биде шеф на овај тим. За ова место конкурираат Фредерик Васер ( шефот на АРТ тимој кој се натпреварува во ГП2 серијата) и Алан Прост. Исто така не е баш јасна иднината на Пастор Малдонадо како и Жолион Палмер.

“Новит тим, новото име, новиот состав на тимот, партнерите и останатите детали ќе бидат објавени на прес конференцијата која ќе биде одржана во теков на фебруари во Париз“ – истакна гласноговорникот на Рено.

Ohridnews