Австралиецот Даниел Рикиардо од тимот на „Ред Бул“ триумфираше на трката за големата награда на Белгија што се возеше во рамки на шампионатот во Формула 1 на патеката Спа.

Второто место му припадна на водечкиот во генералниот пласман, Нико Розберг, а трет беше Ботас од Вилјијамс, што само го потврди напредокот на британскиот тим. Зад водечката тројка на целта како 4ти присигна пилотот на Ферари Раиконен.

Во генералниот пласман води Нико Розберг со 220 бода, пред клупскиот колега Хамилтон  (191) од Мерцедес, кој воедно е водечки тим кај конструкторите. Трет е Рикиардо со 156 бода.

Следната трка ќе се вози на легендарната патека Монца на 7ми септември.

OhridNews