Германскиот пилот во тимот на Мерцедес, Нико Розберг триумфираше на трката „Интерлагос“ за големата награда на Бразил.


Лидерот во генералниот пласман Луис Хамилтон заврши на втората позиција и ја комплетираше 11-та „еден два“ победа на Мерцедес што е нов рекорд во Формула 1.

Со оваа победа Германецот ја одложи шампионската разврска за последната трка, која ќе се одржи во Абу Даби.

Хамилтон со 334 бодови е прв на табелата кај пилотите, а веднаш зад него е Розберг со 317.

Мх.П.