Германската нација сеуште не спласна по освојување на светската фудбалска круна, а германскиот пилот Нико Розберг им ја продолжи радоста со победа на трката „Хофенхајм“ за големата награда на Германија.

Втор целната рамнина во Германија ја мина пилотот на Вилијамс – Мерцедес, Валтери Ботас додека третата му припадна на Луис Хамилтон (Мерцедес) кој стартуваше од последната позиција.
На табелата во конкуренција пилоти лидер е Розберг со 190 бодови, второпласиран е Хамилтон со 176 поени додека трет е Даниел Рикиардо од Ред Бул со 106 бодови.
Мх.П.










