Германскиот пилот Нико Розберг е казнет со десет секунди по завршувањето на трката „Силверстоун“ за големата награда на Велика Британија и место на втората се најде на третата позиција.


Дисциплинците во Формула 1 шампионатот казната на Розберг му ја изрекоа три часа по завршување на трката. Причина за казната од десет секунди и губењето на второто место е разговорот со техничарите на шест круга од крајот на трката.

Розберг имал проблеми со менувачот на брзини, а тоа му преставувало проблем при возењето. Според прописите во Ф1 правилникот тоа не е дозволено и секој таков прекршок се казнува со десет секунди.

Позицијата на Розберг ја зазеде членот на Ред Бул, Макс Верстапен кој инаку трката ја заврши на третото место.

После одземањето на бодовите на Розберг, Луис Хамилтон се доближи на еден бод од тимскиот колега кој имаше инзвондреден почеток на сезоната.

Ф1: Хамилтон побрз од Розберг на Силверстоун

OhridNews