Германскиот пилот во Формула 1 Нико Розберг беше најбрз во саботата на квалификациите за Големата награда на Унгарија на патеката Унгароринг, откако имаше побрзо време од тимскиот колега од Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон.

Двајцата возачи на Мерцедес во вкупниот пласман ги дели само еден поен, а по многу лоши услови, дожд и многубројни инциденти, поради што квалификациите беа прекинувани дури четири пати, подобро се снајде Розберг кој и буквално во последните секунди успее да постигне подобро време од Хамилтон,

За Розберг ова е втора „пол позиција“ на патеката Унгароринг, но во трките никогаш не стаса погоре од четвртото место.

Третото место го освои Австралиецот Даниел Рикардо во „Ред Бул“, а четвртиот негов клупски колега Холанѓанецот Макс Верстапен.

Редослед:

1 Нико Розберг (Гер) Мерцедес 1: 19,965

2 Луис Хамилтон (ВБ) Мерцедес 1: 20,108

3. Даниел Рикардо (Аус) Ред Бул – Таг Хеуер 1: 20.280,

4 Макс Верстапен (Хол) Ред Бул – Таг Хеуер 1: 20,557

5 Себастијан Фетел (Гер) Ферари 1: 20,874

6 Карлос Саинц Јуниор (Шпа) Торо Росо – Ферари 1: 21,131

7 Фернандо Алонсо (Шпа Мекларен 1: 21,211

8 Џенсон Батон (ВБ) Мекларен 1: 21,597

9 Нико Хуелленберг (Германија) Форс Индија – Мерцедес 1: 21,823

10 Валтери Ботас (Фин) Вилијамс Мерцедес 1: 22,182.

OhridNews