Тимот на Мерцедес по лошиот викенд во Сингапур се врати во вистинско светло на трката „Сузака“ за голема награда на Јапнија откако Нико Розбег ја освои стартната позиција.
Германецот најбрзиот круг на трката го помина со време (1:32.632), пред својот тимски колега Луис Хамилтон кој имаше послаб круг за 200 стотинки.
На третата и четвртата позиција се пласираа Валтери Ботас (Вилијамс) и Себастијан Фетел (Ферари) додека од третиот ред ќе тргнат Филепе Маса (Вилијамс) и Кими Раиконен (Ферари).
Трката покрај големата борба за пол позицијата го одбележа страотниот судар на Даниел Квит (Ред Бул) кој излета од патеката, но за среќа помина без посериозни повреди.
14-та трка во сезоната се вози рано изутрина во 7 часот по македонско време.
Мх.П.












