Пилотот на Мерцедес, Нико Розберг го освои целиот плен на трката „Спа“ за големата награда на Белгија победувајќи пред Даниел Рикиардо (Ред Бул) и тимскиот колега Луис Хамилтон.


Хаотичната трка во Белгија започна уште во првата кривина кога Себастијан Фетел при обид за престигнување се судри со Макс Верстапен, а потоа и со Кими Раиконен.


Целиот хаос го искористија Фернандо Алонсо и Хамилтон кои трката ја стартуваат од последните места поради менување на одредени делови на болидот.

По само пет кругови одновно настана хаос на трката откако Кевин Магнусен се удри со својот болид од Рено во заштитната ограда од гуми. По расчистувањето на патеката започнаа вистинските возбудувања.


Розберг не дозволи да му ја одземат победата, а Хамилтон стигна до пиедастелот откако се пласираше на третата позиција.

Германецот со овој триумф го намали водството на Хамилтон во генералниот пласман на девет поени разлика.

OhridNews