Пилотите на Мерцедес, Нико Розберг и Луис Хамилтон ја продолжија доминацијата на Формула 1 освојувајќи стартните позиции на трката за големата награда на Америка.


Првото место на главните квалификации го освои второпласираниот во генералниот пласман Розберг додека лидерот на табелата Хамилтон ја зазеде втората.

Зад двоецот на Мерцедес се пласираа пилотите на Вилијамс Мерцедес, Валтери Ботас и Филипе Маса.

Од петтата и шестата позиција ќе тргнат Даниел Рикиардо (Ред Бул) односно Фернандо Алонсо (Ферари).

Хамилтон е првопласиран на табелата со 291 бод пред тимскиот совозач Розберг, кој има 271 поен.

Мх.П.