
Продолжувањето на договорот со Розберг значи дека Мерцедес ќе ја има истата постава на возачи и во наредните две години, бидејќи неодамна и Луис Хамилтон го продолжи договорот со тимот до 2018 година.
Розберг во Мерцедес е од 2010 година, претходно три години возеше за Вилијамс. Сите досегашни успеси во кариерата Германецот ги има оставрено со Мерцедес (25 пол позиции и 19 победи).
Нико Розберг во тековната сезона е лидер во генералниот пласман со 171 бод, четири повеќе од тимскиот колега Хамилтон.
Формула 1 шампионатот продолжува в недела со трката за Големата награда на Унгарија, на патеката Хунгароринг.
OhridNews











