Пилотот на Мерцедес, Нико Розберг ја освои стартната позиција на трката „Хокенхајм“ за големата награда на Германија.


Розберг на задоволство од домашните гледачи имаше најбрзо време пред тимскиот колега Луис Хамилтон.

Од втората линија ќе тргнат пилотите од Ред Бул, Даниел Рикиардо и Макс Верстапен, а од третата двоецот од Ферари, Кими Раиконен и Себастија Фетел.

По нив следуваат Нико Хулкенберг (Форс Индијана), Валтери Ботас (Вилијамс), Серхио Перез (Форс Индијана) и Филепе Маса (Вилијамс).

Пред трката „Хокенхајм“ лидер во генералниот пласман е Хамилтон со шест бодови предност од второпласираниот Розберг.

OhridNews