Четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел од следната сезона ќе биде дел од италијанскиот тим Ферари.

– Го напуштам Ред Бул и тоа е моја конечна одлука. Долго време размислував и време е да направам нов чекор во мојата кариера – рече Фетел.
Одлуката германскиот пилот за промена на средината од следната сезона ја соопшти за време на квалификациите на трката „Сузака“ за големата награда на Јапонија.
– Сите нас не изненади со неговата одлука која ни ја пренесе во пресрет на трката во Јапонија. Изгледа дека Ферари му понуди нешто што неможе да одбие – потенцираше „шефот“ на Ред Бул, Кристијан Хонер.
Фетел првата титула ја освои 2010 година и стана најмлад шампион во Ф1 циркузот. Од тогаш Германецот освојуваше уште три титули во низа и им се придружи на Михаел Шумахер, Алан Прост и Хуан Мануел Гангија.
Од тимот на Ред Бул веднаш објавија дека замената за Фетел ќе биде рускиот пилот Данил Квајт.
Мх.П.










