Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон е прогласен за најдобар возач во сезоната, во изборот на магазинот ‘Автоспорт’, во кој учествуваат шефовите на Ф1 тимовите.

Шефовите на тимовите во традиционалниот избор на магазинот, гласаат анонимно и ги избираат десетмината најдобри во сезоната. Доделувањето на бодовите е исто како и бодувањето на трките, првиот добива 25, а десеттиот еден бод.

Хамилтон, кој оваа сезона победи на десет трки, а вкупно 17 пати беше меѓу најдобрите тројца, добил вкупно 229 гласови, од максималните 250.

Втор зад Хамилтон е Себастијан Фетел од Ферари, кој доби 180 гласови, а трет е Нико Розберг со 113 гласови, иако Германецот сезоната ја заврши со три победи во низа.


Зад најдобрите тројца следуваат младите возачи, Макс Ферстапен и Данил Квјат, а шестти е Фернандо Алонсо без разлика што Мекларен имаше исклучително лоша сезона.

Меѓу десетте најдобри уште се Валтери Ботас (Вилијамс), Серхио Перез (Форс Индија), Даниел Рикардо (Ред Бул) и Кими Раиконен (Ферари).

Ohridnews