Поминаа веќе четири и пол години од повредата на Михаел Шумахер од скијачкиот инцидент во Мирабел и две години од прогласување мораториум за пласирање вести во јавноста, но сите се прашуваме каква е неговата моментална состојба.

Михаел имаше неколку повреди на главата после падот во екслузивниот центар Мирабел во Франција на 29-ти декември 2013 година. Рекордерот во титули беше пренесен во болницата во Гренобл каде му беа направени две итни операции на мозокот за спасување на неговиот живот. За втората опрерација еминетните француски доктори стравуваа и покрај вештачката кома дека може да предизвика смрт.

Во април 2014 Шумахер беше разбуден од вештачката кома и пренесен во Лозана, Швајцарија, пред да биде пренесен дома септември 2014 година.

Во ноември неговата сопруга Корина Бетч изјави: “Одлуката да ја заштитиме приватноста е донесена само во корист на Михаел. Знаеме дека она што се случи е многу сериозно. Ве молам без шпекулации и да не оставите во мир.“

Следно нешто кое излезе во јавноста од неговата фамилија беше оваа година во јануари кога Михаел наполна 49 години. Неговата ќерка Џина на социјалните мрежи му го честита роденденот на својот тактко: “Среќен роденден мој најмил и најдобат тато на светот. Сите те сакаме и те чекаме. Продолжи да се бориш.“

Сопругата Корина 47, синот Мајк,19 и ќерката Џина-Марија 21, ретко влегуваа во дискусија за неговата здравтсвена состојба и целата работа и ја префрлија на менаџерката Сабине Кем, од која имаат голема поддршка.

Таа изјави: “Ваквата одлука на семејството не треба да предизвика незадоволство кај фановите на Михаел и среќна сум што не предизвика. Фановите со душа и срце се со Михаел, го разбраа ова, ја разбираат здравствената состојбата на Михаел и дека неможеме нон стоп се да делиме со јавноста. Ако има некоја драстична промена сигурно ќе го известиме светот“

Оваа година Џина – Марија прв пат излезе на ТВ интервју зборувајќи за својот татко и објаснувајќи како за успех во својот живот ги следела стапките на Михаел. Почнувајќи да зборува за својот татко, водителот на NDR TV, забележа дека Џина тоа тешко го поднесува и своите прашања ги насочи кон нејзината најголема љубов, коњите.

Со видна возбуда таа изјави: “Ги следам чекорите на татко ми. За татко ми најголема љубов се нештата со четири тркала, а за мене нештата со четири ноѕе“ и продолжи – „Не дека не го следев мојот татко во неговата кариера, еднаш бев и во нашиот картинг и се испробав во тој поглед но споредувајќи се со Мик ( братот- моментално возач во FIA F3 ) не смеев да се појавам пак.

Што се случи со Шуахер?

Михаел удри со главата на карпа додека скијаше на фрнацуските алпи. Беше со својот, тогаш, 14- годишен син, еден пријател и неговата ќерка. На дел од скијалиштето ќерката на пријателот ја напуштила препорачаната патека. Михаел сакајќи да ја врати се спуштил во недозволеното место и при вртење со скиите за да застане удрил во голем камен. Елсатичноста на скиите го одфрлија во висина и паднал на глава точно со камерата на карпата.

Се претпоставува дека тоа било ( камерата) круцијално за толку тешка повреда, да има длабока фрактура дури и директна повреда на мозокот. Се претпоставува дека ако немал толку квалитетна заштита на главата (кацига) ќе бил смртно повреден.

Докторите одма ја објаснија неговата состојба како “екстремно сериозна и опасна“ и направија две операции.

Која е сегашната состојба ?

После една посета на семејството Шумахер, Лука ди Монтеѕемело, (некогашен шеф на Ферари) изјави дека се надева дека F1 херојот наскоро ќе им се придружи на сите и на нормалниот живот: “ Го познавам добро, ја знам неговата сила и неговата воља и сигурен сум дека наскоро ќе ни се продружи“ изјави тој за Куреиере Дело Спорт.

Во моментов Шумахер е во својот дом, на брегот на езерото Женева и престојува во најголемата соба која е пруредена како да е дел од најмодерна клиника во светот. Веќе подолго време неговото семјство не сака да објавува никакви вести за неговата здравствена состојба.

Неговиот агент и менаџер Сабине во декември 2016 година изјави: “Здравјето на Шумахер не смее да биде јавно прашање па затоа ние ќе се придржуваме на одлуката да не излегуваме со коментари“.

На почетокот на оваа година беше поднесена тужба до германскиот магазин “Бунте“ да исплати на семејството 50 000 евра затоа што објави статија со наслов “Шумахер почна да оди“.

Неговите најверни фанови поставија 30 метри долго платно на патеката во Каталуња за време на тркачкиот викенд во Шпанија на кое беше истакнато: “ШУМАХЕР ЗАСЕГОГАШ“. Поставено беше на централната трибина.

Кариера

Кариерата на Шумахер траеше 22 години од 1991 -2012 година. Возеше за Џордан (само една трка) Бенетон, Ферари и Мерцедес. За тоа време постави рекорд со 7 титули ( 2 Бенетон, 5 Ферари) и дојде до неверојатната бројка од 91 пообеда, 151 пат на подиум и вкупно има освоено 1 566 бодови.

До неговото име стојат и следните бројки:

Трки: 308

Пол позиции: 68

Најбрзи кругови: 77

Извозени кругови: 16 703

Неговата прва победа беше 1992 година на Белгиското Гран При, а првата титула ја освои во 1994 година

Последна негова трка беше 2012 година на Бразилското Гран При.

OhridNews