Францускиот пилот Жул Бјанки на трката „Сузука“ во Јапонија доживеа страотна сообраќајна несреќа удирајќи се диреткно во возилото кое изнесуваше болид од патеката.

Бјанки се уште е во критична, но, стабилна состојба, а во болницата пристигнал докторот Џерард Саилант, кој се грижеше за Михаел Шумахер по несреќата на скијање минатата година.
Првиот човек на ФИА, Жан Тод побара да се истражи целиот случај бидејќи на патеката не излезе „сејфти кар“ кога возилото за изнесување болиди било на отворени делови од трката.
Мх.П.










