Пилотите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Никор Розберг доминираа на трката „Сузука“ за голема награда на Јапонија обезбедувајќи „еден два“ победа за својот тим.


Розберг не ја искористи пол позицијата бидејќи тимскиот колега Хамилтон уште на првиот свиок успеа да го претекне и да ја поведе трката.

Британецот до крајот на трката не го испушти водството и лесно и убедливо стигна од осмата победа во 14-та трка во оваа сезона.

На третата позиција се пласираше Себастијан Фетел од Ферари додека веднаш зад него Кими Раиконен исто така од тимот на Ферари.

Петтопласирани заврши Валтери Ботас (Вилимајс), а бодови освојуваа уште Нико Хулкенберг (Форс Индијана), Роман Грожан (Лотус), Пастор Малдонадо (Лотус), Макс Верстапен (Торо Росо) и Карлос Сајнц Јуниор (Торо Росо).

Генерален пласман : Хамилтон 277, Розберг 229, Фетел 218, Раиконен 119..

Следната трка во Ф1 шампионатот се вози за две недели во Русија.

Мх.П.