Пилотите на Мерцедес, Нико Розберг и Луис Хамилтон ја продолжија доминацијата во Формула 1 откако во Мексико ја освоија првата и втората позиција додека трет се најде Валтери Ботас од Вилијамс.


Иако дилемите за титулата во Ф1 шампионатот се разрешени сепак пилотите во своите болиди извоија многу добра и возбудлива трка.

Розберг со сигурните перформанси ја заслужи победата, а трката ја одбележа двојното откажување на пилотите од Ферари, Себастијен Фетел и Кими Раиконен.

До крајот на сезоната во Ф1 преостануваат уште две трки во Бразил и во Дубаи.

Ohridnews