Марусија, екипа која се натпреварува во превенството на Формула 1, во петокот соопшти дека на трката за Големата награда на Русија ќе учествува со еден болид, во знак на почит спрема повредениот Жил Бјанки.
Францускиот возач, во неделата, на трката за Големата награда на Јапонија во Сузука, излета од патека удри во подвижниот кран и се здоби со тешки повреди на главата.
Бјанки се наоѓа во болница, а лекарите неговата состојба ја опишаа како ’критична, но стабилна’.
Во Русија сите пилоти кои ќе возат на патеката на своите кациги ќе имаат налепница на која ќе пишува „Сите за Бјанки #17“.
Марусија за Големата награда на Русија го пријави резервниот возач, Американецот Александро Роси, но тој нема да учествува на трката. Единствениот претставник на тимот ќе биде 23-годишниот Англичанец, Макс Чилтон.
Трката за Големата награда на Русија, во Сочи, ќе се вози в недела со почеток во 13 часот.
„Макфакс“