Швајцарскиот тим  веќе размислува од следната година да го промени добавувачот на мотори. 9-ти Мај е последниот датум кога мора сите тимови да пријават со кој партнер ќе соработуваат во 2018 година.

Овој тим уште пред некое време се спомнуваше дека ќе ја започне соработката со Хонда, но шпекулациите за предомислување се појавија веднаш после трката во Мелбурн, кога Мекларен не беше задоволен од соработката со Хонда.

А од друга страна Заубер во својот тим го има младиот Паскал Верлен кој треба да му донесе попуст ако почне соработка со Мерцедес.

“Се што можам да кажам е дека не преговараме само со Хонда. Се уште отворено е  прашањето за набавка на мотори и преговараме со неколку добавувачи. Одлуката мора што побргу да ја донесеме заради повеќе причини“- изјави шефицата на тимот Мониша Калтерборн.

OhridNews