Пилотите на Мекларен и Вилијамс, Фернандо Алонсо и Валтери Ботас добија зелено светло од докторите за настап на втората гран при трка за сезонава која ќе се одржи викендов во Малезија.


Двајцата пилоти поради повреди ја пропуштија премиерната трка во Австралија, на која триумфираше Луис Хамилтон, а успешно ги минаа лекарските прегледи за втората трка.

33-годишниот Алонсо се повреди на 22 февруари кога имаше страотна несреќа на тестирањата во Барселона. Ботас трката во Мелбурн ја прескокна поради повреда на грбот, која ја доби на квалификациите.

– Имав чувство како некој да ми забоде нож во грбот. Никогаш не сум имал проблеми со грбот и нозете, но ете се случуваат вакви непревидливи работи. Осетив само болка без никакви предзнаци откако брзо закочив. – рече Ботас.

Мх.П.