Англиската фудбалска федерација нема да отвори постапка за третото полувреме кое се одвиваше на Олд Трафорд после дербито помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити кое заврши со триумф на гостите 2-1.
Мешаницата и меѓусебното препукување почна во тунелот, а кулминираше во гостинската соблекувална каде „граѓаните“ гласно ја прославуваа победата над градскиот ривал. Блиска физичка пресметка немаше, но двете страни си размениле по неколку удари со флаши од кои едната заврши во главата на Микел Артета, помошникот на Пеп Гвардиола.
По доставувањето на извештаиите од клубовите Англиската федерација одлучи да не поведува постапка и да избегне четврто полувреме по кое имаше парични казни и суспензии.
OhridNews